Официјално: Роналдо во “црвено – црниот“ дрес на Шкендија! (ФОТО)

348

И официјално Роналдо Вебстер е нов член на Шкендија, кој направи трансфер од Брегалница во Тетово. Напаѓачот од Јамајка и Шкендија се договорија во следните шест месеци тој да биде на позајмица со обврска на лето да биде откупен и да потпишат тригодишен договор. Се разбира дека ова е големо засилување за тимот на стратегот Јетон Беќири.

Интересно, Шкендија ја доби битката со Партизани Тирана и Шкупи. Имаше за него понуди од Шериф Тираспол, Факел од Русија, но раководството на Брегалница беше коректно и не сакаше да го погази веќе дадениот збор иако имаше наддавање за Роналдо.May be an image of 1 person, playing soccer, playing football and text that says 'WELCOME Ecolo RONALDO WEBSTER'

Среќен сум што сум овде, во Шкендија. Подготвен сум дадам се од себе да му помогнам на мојот нов тим. Очекувам шампионска титула“ беа првите зборови на Роналдо како нов член на Шкендија.

Претходно“Лавовите“ одиграа 3:3 против Сараево на Илиев, Гостивар со реми во Анталија!
СледноПријателски: Брегалница ја декласира Беласица, Охрид подобар од Тетекс!