Последното коло во Серија А донесе нешто што се нема случено 64 години!

447

Фудбалерот на Лече, Никола Крстовиќ, го заврши својот голгетерски пост кој траеше од 6 октомври со голот против Џенова викендов, но беше и еден од оние кои го повторија негативниот рекорд во Серија А во текот на 22. коло.

Пред да го постигне голот, црногорскиот напаѓач не го искористи пеналот и беше еден од петте играчи кои не беа прецизни од белата точка во текот на ова коло.

Последен пат Италија видела пет промашени пенали во едно коло пред 64 години.

Освен Крстовиќ, викендов пенали не реализираа Нико Гонзалес од Фиорентина (против Интер), Ондреј Дуда од Верона (Фросиноне) и тандемот Оливие Жиру – Тео Хернандез од Милано (против Болоња).

ПретходноКарлос Алкараз е ново засилување на Јувентус
СледноВо неделата освои злато со Франција, а ден подоцна е уапсен поради обид за силување