Радуловиќ: Честитки до момците за борбеноста и карактерот

105

Пелистер дојде до третата победа во АБА2-лигата, откако по продолжение го совлада Шибенка со 78-85 во првиот меч на турнирот во Нови Сад. Битолчани одиграа променлив натпревар, губеа со 16 поени разлика, најдоа сили да се вратат и на крајот да дојдат до важни бодови.

Дарко Радуловиќ по мечот имаше целосно право на задоволство.

„Честитики до моите играчи за борбеноста и карактерот кој што го покажаа. Честитки и за Шибенка кои синоќа играа меч покажаа неверојатна енергија. Во прво полуврме игравме во грч, не можевме да погодоиме отворени шутеви, ни го затворија рекетот. По одморот излеговме со друга енергија, одигравме добро во одбраната, успеавме да го свртиме мечот“.

ПретходноКаде ли се врати Чурлинов: На Шалке му се заканува згаснување?!
СледноМирсад Јонуз си замина од Лирија Призрен!