Италијанскиот репрезентативец Стефано Сенси ќе игра за Лестер во Чемпионшип дивизијата. Поранешниот англиски шампион и Интер се договориле за трансфер на фудбалерот од средниот ред во Англија. Соработката е до јуни 2025 година, а неофицијално во истиот има клаузула според која Лестер ќе му плати на Интер 2,5 милиони евра во случај на промоција на тимот во Премиер лигата.
Сенси дојде во Интер во сезоната 2019/20 од Сасуоло. На „Меаца“ не се снајде па беше позајмуван во Сампдорија и минатата сезона во Монца.
Лестер е лидер во Чемпионшип, по 29 кола има 69 бода или десет повеќе од второпласираниот Ипсвич.