Давид Тошевски (22), некогаш големата надеж на мак – фудбалот, играчот кој пред четири години Работнички го продаде на Ростов за милион евра, од денеска е член на Австрија Клагенфурт. Раководството на австрискиот тим го претстави Македонецот, но веднаш беше кажано дека Тошевски ќе биде пратен на позајмица во Шибеник, во клуб кој игра во Втората лига на Хрватска.
Договорот меѓу Тошевски и Австрија Клагенфурт ќе важи до 2025 година.
Позајмицата веројатно ќе значи и докажување за Тошевски, за кого ова е веројатно последна шанса да ја заживее својата кариера.