Тренер повика навивач на физичка пресметка па доби отказ

138

Црногорскиот кошаркарски тренер Звездан Митровиќ се спречка со навивачите на Галатасарај по поразот во ФИБА Лигата на шампионите. Турскиот тим имаше предност од 25 поени, а на крајот доживеа пораз.
Митровиќ потоа влезе во конфликт со навивачите. „Дојде пред салата, дојди…“, викал Митровиќ на еден од навивачите кој го навредувал додека овој ја напуштал салата. Помошниците и обезбедувањето го запрело тренерот да отиде кај навивачот.
Ден подоцна Управниот одбор на клубот му врачи отказ на тренерот кој во кариерата ги предводел Будуќност, Монако, Кривбас, Будивелник, Азовмаш, АСВЕЛ, а бил и селектор на Црна Гора.

ПретходноЕвролига: Партизан замрзна на -15 во Монте Карло
СледноРајо и Столе загубија кај Атлетико со гол во 90. минута