ТФТ загуби и од Спартак, нивни шести пораз по ред во АБА 2

49

Кошаркарите на ТФТ забележаа убедлив пораз од Спартак Суботица 64:93 кој е шести по ред во АБА 2 лигата.Македонскиот тим одигра добро само во првата четвртина, а потоа противникот обезбеди висока предност 35:44 и понатаму лесно ја одржуваше предноста која на крајот ја зголеми. Избраниците на Боро Смилковски потфрлија во одбраната.
Најефикасен во победничкиот состав беше Лука Церовина со 21 поен, а кај ТФТ најмногу поени постигна Алан Бернард Луис 15 поени, а Страхил Николов постигна 2.
ТФТ има шест порази по ред во АБА 2, а остана со еден триумф. Следниот меч му е против Шенчур.

ФОТО: АБА2

ПретходноАтлетико се засили со поранешен дефанзивец на Арсенал
СледноАндреа Белоти ја засили Фиорентина