Лоши вести за Денвер пред дерби дуелот. Најдобриот српски кошаркар Никола Јокиќ би можел да го пропушти натпреварот против Оклахома поради повреда на грбот.
Поради проблем со грбот, српскиот ас се најде на списокот на играчи чиј настап на следниот меч е под знак прашалник.
Ноќта меѓу среда и четврток неговиот Денвер го очекува дербито на Западната конференција со тимот на Оклахома (02.00 часот).
Никола забележа трипл-дабл на последниот меч против Милвоки. Во големиот триумф на својот тим, Јокиќ запиша 25 поени, 16 скока и 12 асистенции.
Загрижените навивачи на тимот од Колорадо се надеваат дека повредата не е од сериозна природа и дека нивниот миленик брзо ќе закрепне.
Сомборац пропушти само еден натпревар од почетокот на сезоната.