Претседателот на УЕФА, Александер Чеферин потврди дека додека тој е претседател на европската фудбалска куќа нема да има финале на Лига на шампиони во Саудиска Арабија. Ова доаѓа откако се повеќе спортски настани се преселуваат во оваа арапска држава поради финансиски бенефит, а таму се одржуваа натпревари од шпанскиот и италијанскиот Суперкуп. СП 2034 ќе се одржи во С.Арабија исто така таму има и трка во Ф1.
„Додека јас сум претседател на УЕФА нема да има финале на ЛШ во Саудиска Арабија. Сепак, јас нема да бидам вечно на оваа позиција“, изјави Чеферин на спортски конгрес во Хамбург.
Чеферин не гледа закана од С.Арабија за европскиот фудбал. Тој верува дека стратегијата со купување на фудбалски ѕвезди е погрешна.
„Ако купуваш фудбалери кои не можат повеќе да играат во Европа и да ги претплатуваш тогаш како ќе развиваш сопствени фудбалери. Европските фанови го следат својот омилен тим, својата репрезентација и натпреварувањето во кое играат. Не ги следат фудбалерите“, додаде Словенецот.