Алкалоид го совлада Нексе во контролен меч

294

Македонскиот вицешампион Алкалоид славеше победа над Нексе во првиот контролен меч во рамките на подготовките во Стара Пазова. Алкалоид славеше со 29:27 (15:11). Во првиот дел се играше изедначено, се до 10:10 кога Алкалоид направи серија од 5:0 и стигна до водство од 15:10.
Во второто полувреме Алкалоид имаше и предност од 17:11, во поголем дел од овој период го одржуваше водството од шест разлика. Нексе успеа да се приближи до 21:23 и да го доведе мечот во неизвесна завршница. На крајот Алкалоид славеше.
Савревски со пет гола, Митев и Ѓорѓиев со по четири гола беа најефикасни кај Алкалоид. Утре овие две екипи ќе одиграат уште еден контролен натпревар.

ПретходноСенси ќе игра за Лестер во Чемпионшип
СледноБарселона славеше над Осасуна со деби гол на Витор Роке