Италијанскиот репрезентативец Андреа Белоти по сезона и пол во Рома го смени клубот. Тој потпиша договор со Фиорентина, но ќе игра до крајот на сезоната како позајмен. „Виолетовите“ за позајмицата ќе платат 750,000 евра, а во договорот нема опција за откуп по завршување на сезоната што значи дека фудбалерот ќе се врати во Рома по последното коло во Серија А.
Белоти седум сезони го носеше дресот на Торино, пред тоа три на Палермо и три на Албинолефе. За Италија има 44 настапи и 12 голови.
Il Gallo Belotti è Viola💜⚜️🐓#forzaviola #fiorentina #belotti pic.twitter.com/tnooEcbVip
— ACF Fiorentina (@acffiorentina) January 31, 2024