Атлетико се засили со поранешен дефанзивец на Арсенал

219

Бразилскиот фудбалер Габриел Паулиста е нов фудбалер на Атлетико Мадрид. Одбранбениот фудбалер го прекина договорот со Валенсија и како слободен фудбалер се пресели на „Ванда Метрополитано“.
Габриел е дете на бразилска Виторија, а во 2013 година пристигна во Европа прво во Виљареал, а од 2015 до 2017 година играше за Арсенал. Потоа се пресели во Валенсија за која одигра 182 натпревари во Ла Лига.
Неговиот договор е до крајот на сезоната.

ПретходноТони Крос се враќа во репрезентацијата на Германија?!
СледноТФТ загуби и од Спартак, нивни шести пораз по ред во АБА 2