Барселона славеше над Осасуна со деби гол на Витор Роке

150

Барселона ја забележа 14-тата победа сезонава во Ла Лига откако вечерва славеше над Осасуна на „Монжуик“ со 1:0 во 22 коло. Стрелец на победничкиот гол беше новото засилување Витор Роке на кого тоа му беше дебитантски гол за каталонската екипа. Осасуна од 67 минута играше со играч помалку поради исклучување на Гарсија, па на тимот на Чави му беше полесно да ја заокружи победата.

Осасуна е на 12-тото место на табелата, а Барселона е на третото.
Барселона ја впиша шестата победа по ред над Осасуна, пет во првенството и една во Суперкупот.

ПретходноАлкалоид го совлада Нексе во контролен меч
СледноЧеферин: Нема да има финале на ЛШ во Саудиска Арабија