„Бомба“ од Англија: Зидан се враќа на големата сцена!

8236

Зинедин Зидан е блиску до враќање на големата сцена. Последните денови Алжир го бараше, но тој реши да и се заблагодари на земјата од која потекнува. Наводната причина е преземањето на славниот клуб. Се разбира, тоа не е Реал Мадрид.

Според последните најави, Зидан се подготвува да го преземе Ливерпул чија клупа останува празна на крајот од сезоната бидејќи Јирген Клоп си заминува по девет години.

Францускиот тренер претпочита стил на фудбал кој е идеален за „Енфилд Роуд“ и се смета за одличен избор за продолжување по патеките што ги запали Клоп.

Да се ​​​​наследи Германецот сигурно нема да биде лесно, но Зидан има силна основа. Неговата работа во Реал беше нереална, но водењето на Реал и кој било друг клуб секако не е иста работа.

„Црвените“ влегуваат во преоден рок, но не смеат да дозволат да настрадаат резултатите, па тоа е една од причините зошто ќе одат по Зидан.

Покрај Зидан, дополнителни опции се и Италијанецот Роберто Де Зерби и Шпанецот Чаби Алонсо, но последните случувања укажуваат дека Французинот има предност пред сите.

ПретходноНа сите “фронтови“ тест средби на нашите прволигаши
СледноКарлос Алкараз е ново засилување на Јувентус