Стефан Ристовски и Аријан Адеми ќе имаат нов соиграч. Динамо Загреб го договорил Кофи Куао, десниот бек на францускиот прволигаш Мец за кого ќе плати отштета од околу два милиони евра. Овој фудбалер од БС Коска ќе биде најскапото засилување на Динамо во овој преоден рок, подобар од трансферот на Арбер Хоџа од Славен за нешто повеќе од еден милион евра.
Динамо подолго време сака да донесе десен бек по повредата на Мохарами кој ќе се врати дури на крајот на годината. Доаѓањето на овој играч од Франција го потврдија и француските медиуми.
„Екип“ пишува дека Куао бил пред трансфер во Шалке, но потоа ја прифатил понудата од Динамо.
Што се однесува до Динамо, клубот од Загреб го продал Роберт Љубичиќ во АЕК Атина за 3,5 милиони евра.
Excl: Koffi Kouao to #DinamoZagreb, TIME TO SIGN 🔏
Deal agreed between the clubs too, agreement reached on player’s side in the past days. #Metz pic.twitter.com/UOA8R2KguJ
— Lorenzo Lepore (@lorenzooleporee) January 31, 2024