Кошаркарите на Партизан загубија на гости кај Монако со 85:70 во меч од 24.коло на Евролигата. „Црно белите“ имаат 12 победи и 12 порази додека Монако има скор од 14 победи и 10 порази.
Кај „црно-белите“ најефикасен беше Кевин Пантер со 28 поени, додека Френк Камински постигна 17. Кај Монако, Мајк Џејмс постигна 19 поени.
Жалгирис на свој терен го победи Ефес со 96:70, Панатинаикос беше подобар од Милано со 79:62, а Барселона убедлива ја совлада Виртус Болоња со 84:57.