Металург во Пореч ги „полни батериите“ пред важните битки

479

Мал дел од македонските екипи пред продолжение на сезоната одлучија подготовките да ги одработат надвор од нашата земја, особено оние кои се натпреваруваат во Првата лига.

Металург одлучи да ја задржи традицијата и професионалноста која ја негува со години. Клубот од Автокоманда откако една недела работеше во Скопје замина во Пореч каде ги „полни батериите“ пред важните битки во плеј-офот во Првата лига.

Покрај редовните тренинзи, ракометарите на Металург го одиграа и првиот контролен натпревар против Слован. Враќањето за главниот град е предвидено за следната недела.

Тимот од Автокоманда е на петото место на табелата пред стартот на плеј-офот со еден бод.

ПретходноВо Барса сонуваат за кам-бек на Гвардиола, тој порача: Кога си отидов морав да земам одмор!
СледноНа сите “фронтови“ тест средби на нашите прволигаши