И официјално Роналдо Вебстер е нов член на Шкендија, кој направи трансфер од Брегалница во Тетово. Напаѓачот од Јамајка и Шкендија се договорија во следните шест месеци тој да биде на позајмица со обврска на лето да биде откупен и да потпишат тригодишен договор. Се разбира дека ова е големо засилување за тимот на стратегот Јетон Беќири.
Интересно, Шкендија ја доби битката со Партизани Тирана и Шкупи. Имаше за него понуди од Шериф Тираспол, Факел од Русија, но раководството на Брегалница беше коректно и не сакаше да го погази веќе дадениот збор иако имаше наддавање за Роналдо.
„Среќен сум што сум овде, во Шкендија. Подготвен сум дадам се од себе да му помогнам на мојот нов тим. Очекувам шампионска титула“ беа првите зборови на Роналдо како нов член на Шкендија.