Пријателска: Работнички убедлив против Карловац!

428

Денеска во Медулин во пријателски меч екипата на Работнички со 2:0 успеа убедливо да слави над тимот на Карловац, второлигаш од Хрватска. Работнички повел во 77.минута со голот на Петар Петковски а конечните 2:0 биле поставени во судиското продолжение од страна на Матеј Ангелов, тоа било сосема доволно четата на стратегот Гоце Седлоски да ја забележи првата победа во текот на овие подготовки по ремито со Младост ДГ пред неколку дена, исто така во Медулин.

Инаку овие мечеви се играат во рамките на “Медулин Купот 2024“ во овој познат спортско – туристички центар во Хрватска.

ПретходноМодриќ е разочаран: Не сака ниту во С.Арабија, ниту во МЛС!
СледноЌе има ли „сеча“ на селектори на утрешниот УО на ФФМ!?