Манчестер Сити односно Тотенхем славеа победи во мечевите од 22.коло на англиската Премиер лига. „Граѓаните“ на домашен терен го победија Барнли со 3:1, а првите два гола беа дело на Хулиан Алварез кој патем денеска славеше и 24-ти роденден.
Родри зголеми на 3:0, а во финишот Барнли го ублажи поразот преку Ал Дахил.
Тотенхем на свој терен го победи Брентфорд и покрај тоа што губеше со 0:1 на полувреме. Од 48 до 56 минута со головите на Удоги, Џонсон и Ришарлисон, екипата на Тотенхем го сврте резултатот на 3:1. Во 67 минута намали Иван Тони и до крајот резултатот не се менуваше (3:2).
Сити има 46 бода на втората позиција, Тотенхем има три помалку на четвртото место. Барнли е претпоследен, а Брентфорд е 15-ти.