Тошевски потпиша за Австрија Клагенфурт, ама веднаш е испратен на позајмица во Шибеник!

1511

Давид Тошевски (22), некогаш големата надеж на мак – фудбалот, играчот кој пред четири години Работнички го продаде на Ростов за милион евра, од денеска е член на Австрија Клагенфурт. Раководството на австрискиот тим го претстави Македонецот, но веднаш беше кажано дека Тошевски ќе биде пратен на позајмица во Шибеник, во клуб кој игра во Втората лига на Хрватска.May be an image of 2 people, people playing soccer, people playing football and text

Договорот меѓу Тошевски и Австрија Клагенфурт ќе важи до 2025 година.

Позајмицата веројатно ќе значи и докажување за Тошевски, за кого ова е веројатно последна шанса да ја заживее својата кариера.

ПретходноПријателска во Охрид: Силекс го победи Пелистер!
СледноПелистер после продолжение до победа во Нови Сад (ФОТО)