Два гола на Хоселу за нова победа на „Кралевите“

175

Напаѓачот од Галиција, Хоселу беше творецот на победата на Реал на гостувањето кај помалиот градски ривал Хетафе во рамките на Ла Лига. Неговиот ефект сега е 12 гола за Реал во сите натпреварувања.
Првиот гол на мечот со Хетафе го постигна во 14 минута, а вториот во второто полувреме. „Кралевите“ беа многу доминантни, можеа да слават и со пет гола. Во првото полувреме се повреди Антонио Ридигер кој го напушти теренот, а дополнително ќе се знае сериозноста на повредата и евентуалната пауза.
Со тоа Реал го сочува првото место по ова 22.коло и има 57 бода, два повеќе од второпласираната Џирона. Хетафе е на 10-тото место.

ПретходноЕвролига: Реал со нова победа, Јабуселе со најдобар настап во кариерата
СледноНеочекуван херој во триумфот на Јунајтед во голеадата против Вулверхемптон