Брајан Сарагоса ќе биде уште едно ново засилување за Баерн (М) оваа зима.
Инсајдерот Фабрицио Романо тврди дека тимот од Минхен се договорил со Гранада за нов датум за трансфер на 22-годишниот фудбалер.
Шпанскиот клуб ќе добие 4 милиони евра со бонуси за неговото заминување. Германскиот шампион претходно најави дека Сарагоса ќе им се приклучи на лето, но сега е потврдено дека крилниот напаѓач денеска лета за Германија.
Тој ќе ги потпише документите и ќе го одржи првиот тренинг како дел од новиот тим.
Оваа сезона Сарагоса учествуваше на 21 натпревар во Ла Лига и постигна 6 голови.