Валериј Степаненко (25), дефанзивецот од Украина не е веќе дел од Брегалница. Раководството на штипските “сини“ денеска тоа и официјално го потврди. Да потсетиме дека Украинецот во Брегалница дојде во август, одигра осум средби во дресот на “сините“, но сепак не остави којзнае каков впечаток. Токму затоа е разделбата со Брегалница.
Осто така штипјани, преку своите социјални мрежи го потврдија трансферот на Роналдо Вебстер во Шкендија и јавно му се заблагодарија на напаѓачот од Јамајка за неговиот придонес во изминатата полусезона во дресот на Брегалница.