Напаѓачот од Галиција, Хоселу беше творецот на победата на Реал на гостувањето кај помалиот градски ривал Хетафе во рамките на Ла Лига. Неговиот ефект сега е 12 гола за Реал во сите натпреварувања.
Првиот гол на мечот со Хетафе го постигна во 14 минута, а вториот во второто полувреме. „Кралевите“ беа многу доминантни, можеа да слават и со пет гола. Во првото полувреме се повреди Антонио Ридигер кој го напушти теренот, а дополнително ќе се знае сериозноста на повредата и евентуалната пауза.
Со тоа Реал го сочува првото место по ова 22.коло и има 57 бода, два повеќе од второпласираната Џирона. Хетафе е на 10-тото место.