Дебито против Македонија: Просинечки ќе биде селектор на Црна Гора!

449

Не на Гана туку на Црна Гора! Ова се најновите вести поврзани со Роберт Просинечки, еден од иконите на фудбалот на овие простори. Попладнево медиумите во Црна Гора наголемо пишуваат дека на барање на претседателот на Фудбалскиот Сојуз на Црна Гора, Дејан Савичевиќ, инаку некогашен негов соиграч од најславните денови на Ц. Звезда, популарниот Жути најверојатно ќе го прифати новиот предизвик.

Инаку интересно е тоа што ако Просинечки ја прифати понудата тогаш своето деби како селектор на Црна Гора ќе го има најверојатно против Македонија. Пријателски меч кој е закажан за на 25 март во Анталија.

ПретходноСензационално: Рашфорд ќе прави трансфер во Арсенал?!
СледноЛуис Енрике искрено: Килијан? Уште ништо не ми кажал дали останува во ПСЖ или си оди!