Евролига: Реал со нова победа, Јабуселе со најдобар настап во кариерата

114

Во Евролигата се одиграа неколку натпревари, Реал Мадрид славеше над Асвел со 86:79 во меч во кој доминираше Гершон Јабуселе. Тој против својот поранешен тим постигна личен рекорд, 26 поени за 21 минута на паркетот. Кај Асвел најефикасен беше Ли со 23 поени.
Реал е лидер на табелата со ефект од 22 победи и три порази.
На другите натпревари Олимпијакос славеше против Баерн во Минхен со 76:72, а Басконија дома го совлада Макаби Тел Авив со 92:82.
Валенсија беше подобра од Алба во гости со 81:66.

ПретходноНапаѓач на Бетис премина во Ботафого и испиша историја на бразилскиот фудбал
СледноДва гола на Хоселу за нова победа на „Кралевите“