Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп по вчерашниот меч со Челзи имаше низа пофални зборови за уште една извонредна партија на младиот Конор Бредли кој имаше 1 гол и две асистенции на натпреварот против Челзи.
Вчера Ливерпул го совлада Челзи со 4:1 во натпреварот од 22. коло на Премиер лигата, а 20-годишниот десен бек покажа дека не случајно добива толку голема доверба од Клоп.
„Неверојатно. Неверојатно. Сега е во облаци, но ништо од ова не е незаслужено или случајно. Конор е добар фудбалер кој работи напорно. Тој ни помогна толку многу, тоа е неверојатно. Пред сезоната многу луѓе велеа дека ни треба десен бек, но бевме многу позитивни за напредокот на Конор. Со сите наши повреди, немаше да можеме да се претставиме добро ако таквите момци не настапат и покажат што знаат“, рече Клоп.