Новак Ѓоковиќ уште на стартот од сезоната ќе мора да ги ревидира амбициите и плановите за оваа 2024. Тој јавно кажа дека во новата година ќе оди по пехарите на сите четири гренсленови и по златото на ОИ во Париз.
Но уште на првиот гренслем, оној на АО во Мелбурн, кој заврши минатиот викенд, Србинот не успеа да се најде ниту во финалето.
За тоа до кога Новак Ѓоковиќ и натаму ќе биде бр.1 во светот на тенисот, свој коментар има Енди Родик, некогашниот тениски ас кој е еден од ретките кој има позитивен скор со Новак, 5-4 во победи.
“Малку потфрли на АО, но тоа е нормално. Се разбира дека е најдобар во светот, но не е машина, тој е човечко суштество и тоа се случува. Сепак стравувам дека ова е почеток на неговиот пад. Ако младите сфатат дека тој не е непобедлив тогаш тоа ќе биде крај за него. За Новак за каков што сите го знаеме“ рече покрај другото Родик.