Крај на зимскиот трансфер пазар: Каде и до кога е отворен преодниот рок?

415

Најсилните европски фудбалски првенства денеска на полноќ го затвораат зимскиот преоден рок. Сепак, во добар дел европските земји со оглед на продолжениот одмор меѓу две полусезони, преодниот рок ќе биде се уште отворен. Една од тие земји е и Македонија, каде актуелниот зимски преоден рок се затвора на 11 февруари.

Во продолжение листа на уште неколку европски земји каде и во наредниве денови може да се очекуваат трансфери на фудбалери: Ова се земјите и датумите до која е отворен зимскиот фудбалски пазар:

Израел – до 6 февруари

Австрија – до 6 февруари

Азербејџан – до 8 февруари

Турција – до 9 февруари

Македонија – до 11 февруари

Романија – до 12 февруари

Унгарија – до 14 февруари

Црна Гора – до 14 февруари

Хрватска – до 15 февруари

Швајцарија – до 15 февруари

Словенија – до 15 февруари

Србија – до 16 февруари

Словачка – до 21 февруари

Р. Ирска – до 22 февруари

Полска – до 22 февруари

Чешка  – до 22 февруари

БиХ – до 25 февруари

Ерменија – до 28 февруари

Бугарија – до 29 февруари

Естонија – до 1 март

ПретходноРепрезентативката Хаџи-Тосева од Наковски Волеј во дресот на Струмица
СледноРК Алкалоид минимално поразен од Нексе!