КФСМ подготвува спектакл за Дамјан Стојановски

1319

Селекторот на машката сениорска репрезентација, Александар Јончевски, го објави поширокиот список на кошаркари кои ќе конкурираат за место во националниот тим за претстојниот февруарски ФИБА „прозорец“,  прв од квалификациите за Евробаскет 2025, во кој ќе одиграме два натпревари.

На 23. февруари, во Скопје, ја дочекуваме репрезентацијата на Естонија, а три дена подоцна, на 26 февруари, следува гостување во Полска. 

На списокот на Јончевски се најде и Дамјан Стојановски, тоа не е случајно. КФСМ сака на посебен начин да му се заблагодари на кошаркарот на МЗТ Скопје за сето она што го има направено за македонската репрезентација. Дамјан веќе долго време не е во составот, по доаѓањето на Драган Бајиќ се повлече од националниот дрес, но сега после речиси три години се враќа за мечот со Естонија.

ПретходноУ-17 жени: Македонија одигра два контролни меча против Црна Гора!
СледноШкендија си гази на контролите: Чинари стрелец, победа и над Варта Познањ! (ФОТО)