Цел фудбалски свет е на нозе. Сите се очекување на тоа каква ќе биде одлуката на Килијан Мбапе, дали останува во ПСЖ или на лето ќе прави трансфер во Реал Мадрид. Тоа го знаат само тој и неговото семејство, веројатно и првите луѓе на ПСЖ и Реал Мадрид.
Денеска на прес конференција, стратегот на ПСЖ, Луис Енрике, беше прашан а тој искрено одговори:
“Килијан? Уште ништо не ми кажал дали останува во ПСЖ или си оди“.
Иаку денеска медиумите во Мадрид постојано лиферуваат вести дека речиси е се готово, дека Мбапе во јуни доаѓа на “Сантијаго Бернабеу“.