По се изгледа дека толку од Лука Модриќ, и не само во дресот на Реал Мадрид. Како што пренесуваат медиумите во Шпанија, еден од најдобрите фудбалери во светот во 21 век се чини дека се спрема за фудбалска пензија.
Со оглед на тоа дека Реал Мадрид нема намера да му понуди нов договор, постоечкиот му искекува во јуни, а Хрватот нема намера така лесно да оди ви С. Арабија или МЛС, упатените во неговата кариера велат дека по завршувањето на сезоната тој ќе се прости од “кралевите“ свесен дека веќе нема место за него во “новиот“ Реал Мадрид.
Па така останува уште да го одигра само ЕУРО 2024 со неговата Хрватска и да оди во фудбалска пензија.
Сепак ќе почека до јуни да види дали до него ќе дојде некоја баснословна понуда од С. Арабија или МЛС.