Мајк Тајсон се враќа во рингот на крајот на годината?

255

Боксерската икона Мајк Тајсон може да се врати во рингот оваа година. Планиран е натпревар меѓу „Железниот Мајк“ и Марк Хант, за која се верува дека е договорена за крајот на годината, најверојатно во декември.

Борбата ќе биде во 8 рунди и ќе се одржи во Саудиска Арабија. Иако ова е натпревар меѓу сега неактивни боксери се очекува огромен интерес.

Марк Хант е роден на 23 март 1974 година во Јужен Окланд, Нов Зеланд. Тој е поранешен натпреваруваш во мешани боречки вештини и кик-бокс.

Мајк Тајсон во јуни ќе наполни 58 години. Тој со 20 години стана најмладиот шампион во тешка категорија во историјата.

ПретходноМурињо сака да се врати на клупата на Манчестер Ј.
СледноКонсеисао најавил заминување од Порто, дали тој е наследникот на Чави во Барселона?