Напаѓачот на Бетис, Луис Енрике се врати во татковината и тоа во Ботафого кој за него платил 16 милиони евра плус 4 милиони во голови и бонуси што е рекорден трансфер во бразилскиот фудбал. Енрике ставил потпис на петгодишен договор.
Тој доаѓа од младинските категории на Флуминенсе, а пред сезоната 2022/23 пристигна во Бетис. По една и пол сезона се враќа назад.
Дел од парите или околу 2,4 милиони евра ќе одат на сметката на Флуминенсе кој е првиот клуб на младиот играч.
Дома Меѓународен фудбал Напаѓач на Бетис премина во Ботафого и испиша историја на бразилскиот фудбал