Македонскиот репрезентативец Ердон Даци го смени клубот во Белгија. Во вториот дел од сезоната ќе игра за второлигашот Беверен како позајмен фудбалер од Вестерло. Инаку тој дојде во Вестерло пред сезоната 2021/22 од турски Коњаспор.
„Тој одигра важна улога во промоцијата на Вестерло во најсилната лига во сезоната 2021/22 и исто така игра за репрезентација. Оваа сезона за Вестерло постигна три гола и запиша една асистенција во 13 настапи. Тој ќе биде добро засилување за нашиот клуб“, изјави спортскиот директор на Беверен, Том Ван ден Абел.
Даци ќе го носи дресот со број 10.
Беверен моментално е седмопласиран во втората белгиска лига со седум бода помалку од лидерот Бершот.