ПСЖ го продаде талентираниот напаѓач на Ајнтрахт

717

Германскиот бундеслигаш Ајнтрахт Франкфурт направи одлична зделка со ангажманот на 21-годишниот напаѓал Уго Екитике од Пари Сен Жермен. Францускиот првак го донесе овој фудбалер од редовите на Ремс и за него плати 30 милиони евра за кого сметаа дека ќе прерасне во новиот Мбапе. Неговата брзина и експлозивност во дресот на Ремс го наговестуваа тоа, но на „Паркот на принцовите“ не беше во прв план.
Во сезоната 2022/23 одигра 25 мечеви во Лига 1 и постигна три гола, а оваа сезона настапи на еден натпревар.

ПСЖ одлучи да го продаде во Ајнтрахт за 30 милиони евра плус бонуси (прво позајмица, а потоа обврска за откуп на договорот за споменатата сума), а има клаузула за процент од следната продажба.
Во Ајнтрахт младиот играч ќе го носи дресот со број 11.

Клубот од Франкфурт оваа зима ги донесе уште Жан-Матео Бахоја од Анже, Натаниел Браун од Нирнберг, а на позајмици дојдоа Саша Калајџиќ од Вулверхемптон односно Дони ван де Бек од Манчестер Јунајтед.

ПретходноРистевски стрелец на гол во победата на Етникос Ахна (видео)
СледноНапаѓач на Бетис премина во Ботафого и испиша историја на бразилскиот фудбал