Шпанскиот крилен играч Брајан Сарагоса официјално е нов фудбалер на Баерн Минхен. Тој доаѓа од Гранада и ќе игра за Баерн како позајмен до крајот на сезоната, со тоа што може да потпише постојан договор на крајот на сезоната.
Баерн ќе плати меѓу 2-3 милиони евра за позајмицата + 13 милиони евра за комплетен трансфер на 22-годишниот играч.
„Дојдов во Баерн да пораснам како фудбалер играјќи со најдобрите. И благодарам на Гранада за шансата што ми ја даде, тоа нема да го заборавам. Се радувам на новиот предизвик. Имаме големи цели ќе видиме што ќе се случува натаму“, порача новиот играч на најтрофејниот германски клуб.
Оваа сезона Брајан Сарагоса одигра 21 натпревар за Гранада со ефект од шест гола и две асистенции.