Сараево не го заборава својот Крсте!

488

Вчера во Умаг (Хрватска) во пријателски меч силите ги одмерија Македонија ЃП и Сараево, најтрофејниот и најголем клуб во БиХ. Резултатот беше 3:3, во една интересна борба со многу голови.

Пред мечот мала свеченост. Имено од раководството на “бордо“ тимот на новиот напаѓач на “лавовите“ Крсте Велкоски му беше врачен дрес со неговото презиме и бр.11.

Уште еден доказ дека Сараево не го заборава така лесно својот Крсте, кој голем дел од својата кариера, дури седум години, беше член на овој тим за кој одигра блиску 200 натпревари, постигна многу голови и на фановите на Сараево им донесе многу радости и трофеи. Беше и капитен на овој тим, главна ѕвезда.

ПретходноИтан Хап е новиот Американец на списокот на Јончевски!
СледноРепрезентативката Хаџи-Тосева од Наковски Волеј во дресот на Струмица