Ферари официјално потврди дека од 2025 година ќе биде засилен со еден од најуспешните возачи во Формула 1, Луис Хамилтон. Британецот во 2024 година ќе вози за Мерцедес, а потоа од 2025 година за Ферари. Од италијанскиот тим потврдија дека се работи за повеќегодишна соработка.
Доаѓањето на Хамилтон во Ферари значи дека Шпанецот Карлос Сајнц ќе го напушти тимот. Хамилтон заедно со Шарл Леклер ќе бидат адутите на Ферари за шампионски кам-бек.
Ферари на титулата чека од 2007 година.
Хамилтон последната титула ја освои во 2020 година. Една година подоцна во последната трка остана без титулата, а потоа следуваше доминација на Ред Бул и Макс Верстапен. Хамилтон беше со Мерцедес 11 години.
Team Statement
Scuderia Ferrari is pleased to announce that Lewis Hamilton will be joining the team in 2025, on a multi-year contract. pic.twitter.com/moEMqUgzXH
— Scuderia Ferrari (@ScuderiaFerrari) February 1, 2024