Формула 1 го одби барањето на Марио Андрети да се врати со свој тим во 2025 година

124

Формула 1 ја одби апликацијата на тимот на Марио Андрети да стане 11-ти тим во Ф1 шампионатот од сезоната 2025 или 2026. Сопствениците на комерцијалните права на Формула 1, наводно, одлучиле да ја отфрлат понудата на Андрети.

Една од главните причини за одбивањето во апликацијата е тоа што  приклучувањето во шампионатот ќе му донесе значително повеќе придобивки на Андрети отколку што појавувањето на таков 11-ти тим може да донесе придобивки за Формула 1.

Сепак, во соопштението на ФОМ се забележува и дека апликацијата на Андрети може да се ревидира во 2028 година.

„За време на процесот на оценување, дојдовме до заклучок дека појавата на 11-та екипа сама по себе нема да има корист за првенството. Најзначајниот начин на кој новиот учесник може да има корист од Ф1 е преку неговото високо ниво на конкурентност. Не веруваме дека тимот што се пријави ќе може да го обезбеди потребното ниво“, велат од Формула 1.

ПретходноКонсеисао најавил заминување од Порто, дали тој е наследникот на Чави во Барселона?
СледноФ1 „бомба“ во најава: Луис Хамилтон следната година седнува во болидот на Ферари?!