Шкендија си гази на контролите: Чинари стрелец, победа и над Варта Познањ! (ФОТО)

569

Шкендија и дефинитивно покажува како треба да се игра на пријателските во Анталија. Денеска против силниот тим на Варта Познањ од елитната лига на Полска, момците на стратегот Јетон Беќири славеа победа од 1:0, втора по онаа со Динамо Батуми.May be an image of 2 people, people playing football, people playing soccer and text

Добра игра, креирани неколку шанси а победничкиот гол беше дело на Ералдо Чинари во 16.минута.

Инаку ова беше вкупно трета пријателска на Шкендија во текот на овие зимски подготовки и трета победа и тоа без примен гол.

Со Скопје беше 6:0, со Динамо Батуми 2:0 и денеска против Варта Познањ победа од 1:0.

ПретходноКФСМ подготвува спектакл за Дамјан Стојановски
СледноЛука Модриќ по ЕУРО 2024 оди во пензија?!