Јувентус нема да го толерира однесувањето на Киеза околу потпишувањето на новиот договор. Челниците на „Старата Дама“ решиле дека подобро е Федерико Киеза да си замине, доколку до крајот на сезоната не потпише нов договор.
Актуелниот договор на крилниот напаѓач е до летото 2025 година. Засега нема напредок во преговорите за продолжување, затоа што агентот на Киеза има високи барања за условите од новата соработка.
Весникот „Газета дело Спорт“ објави дека Јуве е решен да го продаде Киеза на лето доколку нема ништо од нов договор дотогаш.
Клубот веќе ставил неколку имиња на хартија како евентуална замена за Киеза. Во прв ред е Матија Закањи од Лацио, но во игра се и Судаков од Шахтјор и Берарди од Сасуоло.