Брегалница се раздели со Степаненко!

340

Валериј Степаненко (25), дефанзивецот од Украина не е веќе дел од Брегалница. Раководството на штипските “сини“ денеска тоа и официјално го потврди. Да потсетиме дека Украинецот во Брегалница дојде во август, одигра осум средби во дресот на “сините“, но сепак не остави којзнае каков впечаток. Токму затоа е разделбата со Брегалница.

Осто така штипјани, преку своите социјални мрежи го потврдија трансферот на Роналдо Вебстер во Шкендија и јавно му се заблагодарија на напаѓачот од Јамајка за неговиот придонес во изминатата полусезона во дресот на Брегалница.

ПретходноЛука Модриќ по ЕУРО 2024 оди во пензија?!
СледноАмериканецот Робертс го засили ФМП!