Викендов почнува финалната фаза од одбојкарската Прва лига

103

Викендов и официјално продолжуваат битките на домашната одбојкарска сцена. Втората фаза од натпреварите во Првата лига за мажи викендов ќе ги донесе првите кола и во двете групи. Во групата 1 разигруваат шесте најдобри екипи од полусезоната кои ќе се борат и за шампионската титула, додека преостанатите шест состави ќе се борат за обезбедување што е можно подобар пласман на крајот на првенството.

Првото коло во плеј-офот ќе донесе неколку интересни дуели. Шампионот Струмица во првата рунда го пречекува тимот на Весна Пробиштип. Амбициозниот Штип УДГ на домашен терен го пречекува тимот на Универзитет во Тетово, додека во третиот меч се среќаваат Лирија и Работнички 71&22.

Во зоната за опстанок во првото пролетно коло викендов Шкендија ќе игра со Македонија Џио, Борец со Вардар, додека Јанта Волеј гостува кај Сушево.

Натпреварите во Втората фаза од првата лига кај жените стартува на 17 февруари.

ПретходноФ1 „бомба“ во најава: Луис Хамилтон следната година седнува во болидот на Ферари?!
СледноЛион купува играчи како луд само за да се спаси од испаѓање, урнаа трансфер рекорд!