Македонија во март ги дознава ривалите во квалификациите за ЕП 2026

313

Шведска, Данска и Норвешка како домаќини директно се пласирани на ЕП 2026 година исто како и актуелниот европски првак Франција. Сите други ќе играат квалификации, а меѓу нив е и Македонија.
Ждрепката за ЕП 2026 година ќе се одржи на 31 март во Копенхаген, а на истата ќе има 32 екипи кои ќе се натпреваруваат за 20 места на евро-шампионатот. Од тие 32 екипи, 20 се репрезентациите кои учествуваат на ЕП, а другите 12 ќе дојдат од претходно поминати елиминации.
Потоа 32 репрезентации ќе бидат поделени во четири шешири со по осум екипи. Македонија според националниот ранкинг би требало да биде во вториот шешир. Со ждрепка репрезентациите ќе бидат поделени во осум групи со по четири екипи и ќе се игра дома-гости, а двете првопласирани од секоја група ќе обезбедат пласман на ЕП 2026.
Од осумте третопласирани, четирите најдобри исто така ќе одат на ЕП.

ПретходноБелингем: Да се игра на “Сантијаго Бернабеу“ е исто како да се биде гладијатор во Колосеумот!
СледноСарагоса: Дојдов во Баерн да пораснам како фудбалер