Боксерската икона Мајк Тајсон може да се врати во рингот оваа година. Планиран е натпревар меѓу „Железниот Мајк“ и Марк Хант, за која се верува дека е договорена за крајот на годината, најверојатно во декември.
Борбата ќе биде во 8 рунди и ќе се одржи во Саудиска Арабија. Иако ова е натпревар меѓу сега неактивни боксери се очекува огромен интерес.
Марк Хант е роден на 23 март 1974 година во Јужен Окланд, Нов Зеланд. Тој е поранешен натпреваруваш во мешани боречки вештини и кик-бокс.
Мајк Тајсон во јуни ќе наполни 58 години. Тој со 20 години стана најмладиот шампион во тешка категорија во историјата.