Неочекуван херој во триумфот на Јунајтед во голеадата против Вулверхемптон

451

Фудбалерите на Манчестер Јунајтед за малку ќе прокоцкаа предност од два гола на гостувањето кај Вулверхемптон во рамките на Премиер лигата. Успеаја да слават со 4:3 благодарение на гол на 18-годишен фудбалер во 97 минута!
По првото полувреме Јунајтед имаше предност од 2:0 со головите на Рашфорд и Хојлунд. Пабло Сарабија намали во 71 минута, а четири минути подоцна „Ѓаволите“ ја вратија предноста преку Мектомини (1:3).
Вистинско шоу се случуваше во финишот. Во 85 и 95 минута преку Килман и Нето домашниот тим го изедначи резултатот. Но тоа не беше се, 18-годишниот Коби Маино ја погоди мрежата и ја донесе победата на Јунајтед.
Манчестер Јунајтед е седми на табелата со 35 бодови, Вулверхемптон е на 11. место со 29 бодови.

ПретходноДва гола на Хоселу за нова победа на „Кралевите“
СледноНа Анчелоти му „пукна филмот“, му се пушти на судијата (ВИДЕО)