ПРОМОЦИЈА: Репрезентативецот Ердон Даци ќе игра за Беверен!

509

Македонскиот репрезентативец Ердон Даци го смени клубот во Белгија. Во вториот дел од сезоната ќе игра за второлигашот Беверен како позајмен фудбалер од Вестерло. Инаку тој дојде во Вестерло пред сезоната 2021/22 од турски Коњаспор.
„Тој одигра важна улога во промоцијата на Вестерло во најсилната лига во сезоната 2021/22 и исто така игра за репрезентација. Оваа сезона за Вестерло постигна три гола и запиша една асистенција во 13 настапи. Тој ќе биде добро засилување за нашиот клуб“, изјави спортскиот директор на Беверен, Том Ван ден Абел.
Даци ќе го носи дресот со број 10.

Беверен моментално е седмопласиран во втората белгиска лига со седум бода помалку од лидерот Бершот.

ПретходноСарагоса: Дојдов во Баерн да пораснам како фудбалер
СледноГо нарекуваа турскиот Меси, но не го оправда епитетот, сега, по осми пат менува клуб