По вчерашниот триумф од 29:27 на пријателската во Стара Пазова над Нексе, денеска ракометарите на РК Алкалоид, исто во пријателски меч протов истиот ривал, беа поразени минимално со 29:30. Во текот на целиот меч четата на стратегот Кирил Лазаров беше подобра, имаше и водство, но сепак на крајот искусниот тим на Нексе успеал да дојде до пресврт и до победа на оваа втора контрола.
Тренерите на двете екипи правеа повеќе ротации што може да се види и од бројот на стрелците на головите, па така покрај Марко Митев кој постигна седум погодици, Михајло Младеновиќ постигна четири по трипати во листата на стрелците се запишаа Серафимов, Бинго, Савревски и Ѓоргиев.
РК АЛКАЛОИД – РК НЕКСЕ 29:30 (19-14) Спортски центар во Стара Пазова РК АЛКАЛОИД: Галевски, Трајковски, Маркоски 1, Џонов 2, Младеновиќ 4, Серафимов 3, Карасманакис, Стојковиќ 1, М. Митев 7, Ѓоргиев 3, Велковски, Омерагиќ 2, Бинго 3, Кофилоски, Д. Митев, Савревски 3 Седмерци: 7/8 Исклучувања: 10 мин. РК НЕКСЕ: Цар, Кузмановиќ, Рачиќ 4, Ракиќ 2, Мромин 5, Весин 4, Сршен 1, Мославац, Манци-Мичевиќ, Велкаврх 1, Безјак 4, Штрлек 2, Мошчаниќ, Цениќ, Цомен 4 Седмерци: 5/6 Исклучувања: 10 мин.